Каспер Шмајхел, голман на Лестер, долго ќе го памети поразот од Манчестер Јунајтед во последното коло од оваа сезона. Имено, се играше 98-та минута, Јунајтед имаше предност од 1:0, а Данецот тргна да го дрибла Линдгард, секако не успеа, па фудбалерот на „Црвените ѓаволи“ постигна гол за 2:0 и го завери пласманот на Јунајтед во ЛШ.
За потсетување, неговиот татко, Петар Шмајхел е вистинска голманска легенда на Манчестер Јунајтед.