Sвездата на ПСЖ, Нејмар предизвика нов скандал.
Бразилецот беше исклучен во 90. минута од натпреварот против Лил, каде неговиот тим го загуби натпреварот со 0:1, а Тијаго Џало го следеше во соблекувалната.
Двајцата се упатиле кон соблекувалните и по патот се скарале. Се дофрлаа еднен на друг, а потоа се отиде на повисоко ниво на навреди во кои Бразилецот беше во водство.
https://twitter.com/EnPleineLucarne/status/1378398705733210121
Нејмар успеа да го турне противникот, а потоа започна и физички да се справува со него.
За среќа, сè беше спречено од луѓе од двата клуба, па затоа беше избегнат поголем скандал.