Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, вчера во текот на натпреварот реши да игра преку платформата „Твич“ да ги покани неговиот пријател и соиграч од репрезентацијата да му се придружат во играта.
Нејмар случајно го сними бројот на Ричарлисон кој се гледа на екранот на почетокот на видеото, а потоа за само пет минути напаѓачот на Евертон доби 10.000 пораки на основа на грешката на Нејмар.
“Жал ми е, но мислам дека го открив твојот број. Се колнам дека е несреќен случај. Мислам дека ќе треба да го смениш бројот”, рече Нејмар низ смеа.
Иако Ричарлисон се закани дека ќе го блокира секој што ќе му испрати порака, тоа не спречи над 10.000 навивачи да контактираат со него и многумина му пишаа поради неодамнешниот црвен картон што го доби на дербито помеѓу Евертон и Ливерпул (2:2).
já temos o melhor momento da live: Neymar foi ligar pro Richarlison e vazou o número KKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK pic.twitter.com/DrIbdpeHC1
— bruna (@OurPrinceNJR) October 18, 2020