ФУДБАЛ

ВИДЕО: Нејмар спасуваше жива глава откако го опколија навивачите

Нејмар е без сомнение една од најсаканите јавни личности во својата татковина.

Сцената што ни доаѓа од Бразил е сè освен секојдневна и вообичаена.

Имено, кога излегуваше од автобусот, Нејмар беше „нападнат“ од група навивачи кои обезбедувањето едвај ги оддели од sвездата на ПСЖ. Некои дури се фрлија на подот и го фатија за нога Нејмар.

Сè се случи кога репрезентацијата на Бразил пристигна во хотелот во Порто Алегре. Од видеото јасно се гледа дека на Нејмар му било многу непријатно по ураганот што му го подготвија навивачите.

За да бидат работите уште покомични, Бразилецот куцаше откако се упати кон хотелот и не би се изненадиле ако рече дека е повреден.

Репрезентацијата на Бразил доцна вечерва ќе има квалификациски натпревар за Светското првенство во Катар, а противник им е селекцијата на Еквадор.