Бразилскиот репрезентативец Нејмар го смени дресот. Не на ПСЖ, тој ќе остане во Париз и следната сезона, но има нов спонзор.
Нејмар преку социјалните мрежи го најави трансферот од Најк во Пума и денес за прв пат позираше во опремата на неговиот нов спонзор.
Иако Најк го носеше од својата 13-та година, сега тој реши да го остави и да го земе она што го нуди Пума, но навистина му понуди многу, дури и премногу, иако никој не ја објави точната бројка.
„Кралот се врати!“, Напиша Нејмар, позирајќи во тренерки на Пума.
https://twitter.com/neymarjr/status/1304693731237347329