Тотенхем успеа да дојде до премиерна победа на отварањето од новата сезона во Премиерлигата.
Гостите од Вајт Харт Лејн денеска беа подобри од Њукасл на гостински терен со 2:1. Почетниот резултат и водство му припадна на гостите, Јан Вертонген со удар со глава, ги матира домаќините, но за тој гол да биде валиден, мораше во сето тоа да биде вклучена и ВАР технологијата, која го потврди водството на Тотенхем.
Само 3 минути подоцна домаќините преку Хоселу изедначуваат на 1:1, но и тогаш им траеше малку радоста, бидејки во 18. минута Тотенхем преку Деле Али повторно доаѓа до предност од 2:1.
До крајот и двете екипи имаа шанси да го променат резултатот, а најзрелата ја имаа Њукасл во 86. минута кога погодија пречка за 2:2.
sportclub.mk