На интернет се појави нова, досега необјавена снимка од претепаните хулигани кои учествуваа во крвавото “вечно дерби“ во Белград.
Во текот на дуелот помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан на 14 декември дојде до големи инциденти на јужната трибина на стадионо.
Во обидот за да ја заземат трибината, неколку хулигани беа тешко претепани, а потоа полицијата ги спроведе преку атлетската патека кон излезот при што се испостави дека меѓу нив има и хрватски државјани.
Тоа беа жителите на Сплит, Анте Фириќ и Дамир Товаровиќ кои дошле во Белград за да учествуваат во тепачката за време на натпреварот.
На најновата снимка, која е веројатно направена во објектот на стадионот на “Партизан“ се гледа како некој ги испитува претепаните хулигани.