Барселона беше оштетена синоќа на „Местаља“ на гостувањето кај Валенсија, откако на Лионел Меси не му беше признат чист погодок по половина час игра при резултат 0:0.
Меси шутираше од околу 17 метри, домашниот голман ја испушти топката која ја мина гол-линијата и по уште една интервенција ја извади од голот. Каталонците почнаа да се радуваат, но судијата даде знак играта да продолжи и не им го призна голот.
Подоцна Валенсија поведе, а Барселона изедначи за конечни 1:1.