ФУДБАЛ

ВИДЕО: Нервозниот Деле Али искрши се околу себе, а со копачката за малку не го погоди соиграчот во глава

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али, целосно го загуби темпераментот, откако менаџерот Жозе Мурињо реши да го замени за време на натпреварот во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.

Репрезентативецот на Англија беше видно незадоволен откако беше заменет од страна на Мурињо, а при пристигнувањето на клупата, почна да крши се околу себе.

Отпрвин, луто го фрли шишето со вода на подот, но не застана тука. Соблекувајќи ја копачката, и таа фрли и скоро го погододи соиграчот Гедсон Фернандес, кој седеше близу него.

Кога виде дека може да ги повреди луѓето околу себе, Али се смири, па затоа другата копачка ја отстрани мирно.

„Мислам дека тој беше лут на себе, а не на мене. Игравме подобро кога тој излезе”, рече Жозе Мурињо по натпреварот.

https://twitter.com/KemarJM/status/1230260079351517184