Со деветти гол во македонскиот дрес, Илија Несторовски ја зголемува предноста на Македонија против Естонија во првиот натпреваро од Лигата на нации.
Во 38. минута, Несторовски од белата точка ја тресеше мрежата на противникот.
Од 11 метри 100% учинок имаме во овој прв дел од натпреварот.
https://youtu.be/-NrQParDOW4
Ова беше прв гол за Илија Несторовски во националниот тим по девет натпревари. Последните голови за Македонија, прилепчанецот ги постигна против Гибралтар.
Натпреварот се игра без публика.