Илија Несторовски го реши мечот Торино – Удинезе откако погоди за победа од 3:2 на гостите. Ова е прв гол за нашиот репрезентативец во оваа сезона. Последен пат стрелал минатата сезона, во јули месец против Јувентус во победата од 2:1.
Не е стандарден Несторовски сезонава, па неговата изјава по мечот може да се протолкува како порака до тренерот на Удинезе.
– Ја добив шансата и постигнав гол, се надевам дека на следниот меч ќе добијам повеќе простор за игра. Ова е силен тим, почнавме да играме фудбал и ова не е оној Удинезе од претходните сезони. Знаеме за што играме на теренот и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови, кои се надевам дека брзо ќе ги видиме на трибините, изјавил Несторовски за официјалниот телевизиски канал на Удинезе.