Манчестер Јунајтед рано прими гол на гостувањето кај Ватфорд, но истиот беше поништен, по што во 28. минута домаќините повотрно стигнаа до водство.
Оле Гунар Солскјер е под голем притисок поради слабите резултати, па Јунајтед е под императив да победи на гостувањето кај Ватфорд.
Но, стартот не ветува, а само ВАР со спектакуларен Де Геа му спаси на Јунајтед ран гол. Досуден беше пенал, кој Сар го промаши, односно Де Геа одбрани, но Кико натрча и ја затресе мрежата.
Набрзо ВАР го поништи голот на Вотфорд, односно пеналот беше повторен, а Де Геа повторно одбрани …
Интересно е што Исмаил Сар двата пати го изведе пеналот и двата пати Шпанецот брилијантно го одбрани и на тој начин го делумно го спаси Јунајтед.
https://streamable.com/olcaap