Панатинаикос забележа победи во последните секунди од дуелот против Жалгирис во рамките на 20.коло на кошаркарската Евролига.
На средбата одиграна во Атина, Панатинаикос го победи Жалгирис 94-93. Јунак на Панатинаикос во овој меч беше Ник Калатис кој погоди со звукот на сирената, Тој средбата ја заврши со 14 постигнати поени колку што имаа и Маркус Денмон и Лукас Лекавичиус. Кај поразениот тим на Жалгирис, а воедно и на натпреварот прв стрелец беше Антанас Кавалиускас со 21 поен.