Мануел Ноер е повторно меѓу најдобрите голмани во светот.
За Германецот е познато дека е бестрашен во ситуации „еден на еден“, но понекогаш и тој останува без решение.
Ова е особено случај кога тој ќе се најде лице в лице со Ерлинг Халанд.
Имено, на крајот од натпреварот Борусија – Баерн, Норвежанецот сам излезе пред Нојер и многу добро знаеше што прави.
Халанд ја смири топката, се придвижи малку настрана и рутински ја испрати топката во мрежата под голманот на Баерн.