Барселона продолжува со лошите резултати во ЛШ. По два одиграни меча во групата, Каталонците се на последното место без освоен бод, без постигнат гол и со шести примени голови. По поразот од Баерн Минхен во минатото коло од 3:0, со идентичен резултат и пораз се враќаат од гостувањето кај Бенфика.
Новиот пораз на Барса го најави Нуњез по само три минути игра, во 69-та Силва зголеми на 2:0, а со вториот гол на мечот Нуњез ги постави конечните 3:0 во 79-та од пенал.
Од оваа група, Баерн Минхен стигна до убедлива победа. Славеше со 5:0 над Динамо Киев. Левандовски беше стрелец на два погодока, а по еднаш стрелаа Гнабри, Сане и Чупо Мотинг. Баерн е прв со 6 бодови, следува Бенфика со 4, Динамо Киев има 1, Барса е без бодови.
Резултати ЛШ, 2 коло (среда)
Аталанта – Јанг Бојс 1:0
Зенит – Малме 4:0
Баерн Минхен – Динамо Киев 5:0
Бенфика – Барселона 3:0
Јувентус – Челзи 1:0
Манчестер Јунајтед – Виљареал 2:1
Салцбург – Лил 2:1
Волфсбург – Севиља 1:1