Хјустон како гостин славеше против Сан Антонио во дербито на Тексас.
Домаќините имаа водство само во првите минути од мечот, потоа „Ракетите” превзедоа сè во свои раце и имаа двоцифрена предност во најголемиот дел од средбата.
Сан Антонио се доближи на -6 (76-82) на стартот од последната четвртина, но Хјустон не дозволи пресврт и на крајот триумфираше со 91-102.
Харден беше најдобар поединец на вечерта со дабл-дабл учиник од 28 поени и 11 асистенции.