Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе катастрофален пораз од соодветната селекција на Словенија со 88:22. Ова беше натпревар во рамките на Челинџ купот на ФИБА, а катастрофата да биде уште поголема нашите кошаркарски надежи две четвртини не постигнаа ниту еден поен.
Првиот период словенечките млади кошаркарки го добија со 34:0, во втората четвртина резултатот беше 11:13, третиот период 13:9, а во последниот нашите кошаркарки не постигнаа ниту еден поен, па заврши со 30:0.