ФУДБАЛ

ВИДЕО: Одличен натпревар за третото место на Копа Америка, Куадрадо погоди од слободен удар, спектакл во продолжението!

Колумбија и Перу одиграа одличен натпревар за третото место на Копа Америка.

Пет гола беа постигнати на стадионот во Бразил, а победата ја прославија Колумбијците со 3:2, по пресврт во продолжението.

Јотун го постигна водечкиот гол за Перу во последните минути од првото полувреме, а на почетокот на второто полувреме Куадрадо израмни со убав гол од слободен удар.

Дијаз им донесе водство на Колумбијците во 66-та минута, но на десет минути пред крајот Лападула ги врати работите на прво место, па се очекуваше продолжение.

https://youtu.be/9lz1jP5G9EM

Сепак, длабоко во судиското надополнувањр, поточно во 94-та минута, Дијаз на спектакуларен начин го постигна вториот гол на натпреварот и со тоа донесе победа на Колумбија.

За потсетување, во финалето ќе се сретнат големите ривали Бразил и Аргентина.