ФУДБАЛ

ВИДЕО: Одвратниот потег на Даглас Коста го шокираше светот

Денешниот натпревар помеѓу Јувентус и Торино, освен по првите гола на Кристијано Роналдо во дресот на старата дама, ќе биде запамтен по потегот на Даглас Коста.

На крајот од натпреварот Бразилецот на Јувентус влезе во судир со Федерико Ди Франческо, кој го удри по главата и поради тоа доби жолт картон.

Сепак, снимката покажа дека Коста го плукна фудбалерот во лице, од VAR кабина го сугерираа главниот судија кој потоа го исклучи од игра.

Даглас Коста веројатно ќе биде строго казнет за ова однесување.