По трите врзани порази, екипата на Оклахома конечно им се врати на победите, откако на домашен терен со минимални 111-107 славеше над Минесота. Вестбрук не беше на потребното ниво и постигна само 15 поени, но затоа во елемент беа Џорџ и Адамс кои заедно постигнаа повеќе од половина поени за својот тим. Американецот запиша 36, додека Адамс надополна со 27.