Француската полиција соопшти дека уапсила 148 лица за време на немирите во главниот град, по поразот на ПСЖ со 1-0 од Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите.
Илјадници навивачи на ПСЖ се собраа на булеварот „Чанс-Елисеј“ за да го следат финалето и беа разочарани, затоа што нивниот тим претрпе пораз од 1-0 благодарение на голот на Кингсли Коман со глава во второто полувреме.
Тие предизвикаа немири со палење и уништување на бројни автомобили и продавници. Снимките објавени по натпреварот покажуваат огромен немир предизвикан од бесни навивачи.
Пожарникарите можат да се видат како го гаснат пожарот во некои автомобили близу булеварот.
ПСЖ за прв пат се бореше да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
As if Paris needed a new reason to riot!! https://t.co/mUOy1Nusap
— A (@alok_TTID) August 23, 2020
#PSG fans clash with Paris riot police after #PSG losses final….🤬🤬 pic.twitter.com/DXhhPlC1B2
— Iamkoustab (@Koustab_Halder) August 24, 2020