Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во средата на домашен терен ја победија Аталанта со 3: 2.
Манчестер Јунајтед повторно не брилјираше на домашен терен, но „црвените ѓаволи“ успеаја да победат по пресвртот.
Аталанта водеше со 2:0, но домашниот тим стигна до голем пресврт до крајот на натпреварот, а херој повторно беше Кристијано Роналдо кој постигна гол за 3:2.
Олд Трафорд тогаш едноставно „експлодираше“, а големо славје имаше и на клупата на Манчестер Јунајтед.
Сепак, фокусот беше на холандскиот играч за врска Дони ван де Бик, кој повторно не одигра минута за Јунајтед.
Ван де Бик не е во плановите на Оле Гунар Солскјер, поради што е многу разочаран. Холанѓанецот е во центарот на вниманието затоа што навивачите сфатија дека голот на Роналдо го прославил ради реда со тоа што станал и благо аплаудирал.
— United Zone (@ManUnitedZone) October 20, 2021
Англиските медиуми пренесуваат дека Ван де Бек сигурно сакал Јунајтед повторно да се сопне за да добие отказ Солскјер, но Роналдо уште еднаш го спаси норвешкиот стручњак во последните минути.
Се чини дека деновите на Олд Трафорд му се одбројани на Ван де Бик, а тоа уште еднаш го покажува ова видео. Јасно е дека нема да добие шанса во Јунајтед се додека тренер е Солскјер и нема да биде изненадување доколку го смени клубот во јануари.