Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон е во петата деценија од животот, но синоќа со неговите одбрани на мечот Барселона-Јувентус, успеа да му одбрани неколку опасни удари пред се на Лионел Меси. По мечот, кога Аргентинецот тргна кон соблекувалната, го повика Буфон. Ги разменија дресовите, веројатно за последен пат. Тешко е да се верува дека овие двајца повторно ќе се сретнат во некое натпреварување, со оглед на тоа дека Буфон има 42 години и дека веројатно по завршувањето на сезоната ќе следува пензија.
-Ова е трет или четврти пат да ги разменуваме дресовите. Некои се навистина посебни, изјави Буфон по мечот.
Инаку, со синоќешниот настап Буфон настапи во својата 17-та сезона во Лигата на шампионите.
Messi & Buffon swapping shirts ❤️pic.twitter.com/t3QyhNo8Nm
— My Greatest 11 (@MyGreatest11) December 8, 2020