Откако во финалето од Лигата на шампионите направи две кардинални грешки бранејќи за Ливерпул, германскиот голман Лорис Кариус се претвори во вистинска карикатура.
Случајно или не, овој 25-годишен голман од таа ноќ го следат само бизарни ситуации, а последната му се случи вчера.
Кариус во меѓувреме го промени клубот и сега брани за Бешикташ, а вчера прими толку несреќен и комичен гол.
Во дуелот со Малме, Кариус во 53. минута прими гол кој на крајот беше запишан како автогол на Еркин.