Македонскиот репрезентативец, кој ги брани боите на Џенова, Горан Пандев денеска постигна прекрасен гол речиси од половина тере.
Пандев во 31. минута му донесе водство на својата екипа од 1:0, но во 73. и во 77. заработи два жолти картони и беше исклучен.
Сепак натпреварот заврши со нерешен резултат(2:2), а тоа во никој случај не му одговара на Џенова која има 11 бода и се наоѓа на 18. позиција на табелата која води во Серија Б. Лече има запишано 15 бода и се наоѓа на 14. позиција на табелата.
Pandev still got it😎🇲🇰https://t.co/ySUx2BQQXf
— Tutto 🎙 (@ItalienskBall) December 8, 2019