Последните минути од натпреварот донесоа изненадување на стадионот под Тумбе Кафе. Вардар наместо да слави, одира реми со Пелистер поради автоголот на Черлестон. Натпреварот заврши со 1-1.
Првиот гол го постигна екипата на Вардар во 32 минута. одбраната на Пелистер погреши во поставувањето на офсајд стапица, по додавањето од капитенот Мицевски, Цветановски изби сам пред Талески и со ефектна завршница го отвори резултатот (0-1).
Во 94. минута голема конфузија во одбраната на Вардар им донесе реми на битолчани. Бразилецот Чарлестон и голманот Илиќ не се разбраа и Чарлестон со ефектен автогол ги постави финалните 1-1.