ФУДБАЛ

ВИДЕО: Пеналот на Погба против Евертон предмет на исмејување на Твитер

Францускиот репрезентативец Пол Погба беше стрелец на еден гол во победата на Манчестер Јунајтед против Евертон во 10. коло од Премиер лигата.

Погба го изведе пеналот, но не погоди, топката му се врати и од втор обид беше поуспешен.

Сепак, она што на сите им остана во впечаток беше начинот на кој Французинот го изведуваше пеналот и беше прилично бавен.

Некои отидоа толку далеку што го споредија со трката на 100 метри кога Усаин Болт го собори светскиот рекорд. Имено, Јамајканецот трчаше 100 метри побрзо од Погба кога “трчаше” кон топката, а растојанието беше околу пет метри.

Погледнете и сами:

https://twitter.com/Troll__Footbal/status/1056653148696334348

ПОВРЗАНО

Премиер Лига