Јулија Ефимова е неколкукратна европска и светска шампионка во пливање, како и добитничка на три олимписки медали – два сребрени и еден бронзен.
Русинката периодов, како и голем дел од спортистите, нема можност за тренинзи поради корона-пандемијата и задолжителната изолација.
Но, девојката знае да импровизира – со пливање на суво, во кујната. Се работи за тешка вежба за изведување, што Ефимова, сепак, ја прави без особени тешкотии.
Потоа следат склекови и истегнување на телото.
https://www.facebook.com/mosregtoday/videos/2806251986138127/