ФУДБАЛ

ВИДЕО: По загубеното финале, Салах го инспирира Египет да му се одмазди на Сенегал

Египетската ѕвезда Мохамед Салах го презеде водството по поразот во финалето на Африканскиот куп на нации . Тој потоа им се обрати на разочараните соиграчи во соблекувалната, барајќи од нив да му се одмаздат на Сенегал за поразот на претстојните квалификации за Светското првенство во Катар на крајот од годината.

На квалификацискиот турнир Египет се среќава со шампионот на Африка на 23 март, а реваншот во Дакар е на 29 март.

„Одигравме четири натпревари од 120 минути за околу 12 дена. Но, тоа е минато, имаме други натпревари против нив следниот месец и ако Бог рече, ќе им се одмаздиме“ , рече Салах, стоејќи во центарот на соблекувална..

Како што е познато, Сенегал го освои Африканскиот куп на нации по изведување пенали. Во регуларното и дополнителното време нивниот натпревар со Египет заврши 0:0. И тука, според Џејми Карагер, египетскиот селектор погрешил во финалето.