ФУДБАЛ

ВИДЕО: Победа и Вардар одиграа реми, летаа „милион“ предмети, мечот на исполнетиот „Гоце Делчев“ завршен предвреме

Победа и Вардар одиграа пријателска средба како подготовка за новата сезона. Мечот заврши 1:1, а на стадионот „Гоце Делчев“ се врати и публиката и тоа според одредени проценки имало над 3500 навивачи. Ова е прв меч на Победа на домашниот стадион во Прилеп по пауза од 2016-та година, поради реконструкција.

Но, овој беше завршен неколку минути пред време. Имено, во 88-та минута еден остар старт на врз домашен фудбалер предизвика остра реакција од трибините. На теренот летаа „милион“ предмети, пред се пластични шишиња. Со оглед на тоа дека се работеше за пријателски меч судиите одлучија токму тогаш да го завршат мечот со цел да се спречи поголем инцидент.

Вардар следната сезона ќе игра во Втора лига Запад, за прв пат во својата клупска историја, а победа во Втора лига Исток.

ПОВРЗАНО

Вардар