Фудбалерите на Барселона на чело со капитенот Лионел Меси денеска се вратија на тренинг во базата на клубот. На страницата на каталонскиот клуб беше објавена фотографија од напаѓачот и големата ѕвезда на клубот Лионел Меси, кој изведува вежба со топка.
Иако не носеа заштитни маски и ракавици, исклучок беше само тренерот Сетиен, фудбалерите и стручниот штаб ја држеа пропишаната дистанца и без поголеми проблеми го одработија утринскиот тренинг.
Се враќаме на работа, напишано е под фотографијата на Меси.
Претходно во текот на денот, сите играчи ги поминаа тестови за коронавирус и испаднаа дека се негативни.
Шпанското првенство е предвидено да продолжи на 14 јуни, а Барселона е прва по 27 одиграни со предност од два бода пред својот голем ривал Реал Мадрид.