ФУДБАЛ

ВИДЕО: Погледнете каква постапка треба да поминат фудбалерите на Рома

Клубовите во Италија започнуваат со тренинзи оваа недела, а пред тоа секој играч ќе мора да биде тестиран за коронавирус.

Рома беше меѓу првите клубови кои го положија тестот и за среќа никој од играчите и членовите на првиот тим не беше позитивен.

Фудбалерите на Рома започнаа со тренинзи, а италијанскиот клуб покажа како изгледа пристигнувањето на играчите во центарот за обука.

Постапката е многу различна поради пандемијата на коронавирус, а Рома објави видео преку Твитер и покажа како изгледа сето тоа.

По пристигнувањето во тренинг-кампот, играчите и членовите на стручниот персонал прво се мерат за температура, а потоа одат во одделни простории за да се подготват за обука.

Тие работат во групи на терените, но немаат право на топка, ниту можат да користат затворени објекти како што е салата. Прават е исклучиво атлетски вежби и строго на отворено, исто така им е оневозможено туширање и користење на соблекувалните.