Постарите љубители на фудбалот веројатно добро се сеќаваат на едно од најлудите финалиња во историјата на Лигата на шампионите. На 25-ти мај во 2005-та на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул се сретнаа Ливерпул и Милан.
По само 45 минути италијанскиот тим водеше со големи 3:0. Малдини во првата минута, а потоа Креспо во 39-та и 44-та погодија за голема предност.

На полувремето се доби впечаток дека Милан е на чекор до освојување на „пехарот со уши“. Сепак, во вториот дел неверојатен пресврт и шок за „Росонерите“. Џерард 54-та, Шмицер 56-та и Алонсо 60-та погодија за неверојатн 3:3. До крајот имаше многу шанси на двете страни, но мораше да се оди на продолженија. Ниту тамо немаше голови, па победникот се решаваше на пенали.
Таму победи Ливерпул. Хаман, Сисе и Шмицер погодија од белата точка, Рисе промаши. Кај Милан имаше повеќе трагичари, Сержињо, Пирло, Шевченко, а погодија само Томасон и Кака. Ливерпул го крена пехарот по едно од најлудите финалиња во поновата историја на Лигата на шампионите.