Младиот српски напаѓач Лука Јовиќ сега е официјално новиот играч на Реал Мадрид.
Јовиќ вниманието кон себе го сврте со одличните игри во дресот на германскиот Франкфурт, а покрај многуте понуди, тој реши на крајот дека едноставно не можеше да го одбие повикот од Реал Мадрид.
Овој 21-годишен напаѓач денеска е официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“, каде што го дочекаа голем број навивачи на Кралскиот клуб.
Но, за многумина беше многу симпатично, фактот што Јовиќ имаше голема трема поради излегувањето на култниот стадион. Додека беше во тунелот на него се гледаше дека има голема трема, едноставно не знаеше што да прави.
Сепак, кога дојде на стадионот, беше пречекан со одлични овации од навивачите на Реал, кои се очигледно многу задоволни од првиот трансфер на Реал.
Трендот на воведување нови играчи на „Сантијаго Бернабеу“ продолжува и утре, кога Еден Азар ќе го потпише официјалниот договор, што секако е најголемо засилување ова лето.
🔴🏟 LIVE: ¡Luka Jović pisa el césped del Bernabéu por primera vez! #WelcomeJovic | #RMTV https://t.co/DsYn829CYw
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 12, 2019