3-ти јуни, 2017-та година, веројатно долго ќе се памети во историјата на македонскиот ракомет. Полуфинале од Ф4 во Келн, Лига на шампиони. Вардар играше против големата Барселона. Остануваа уште пет секунди до крајот на мечот, Чупиќ прими топка на девет метри и распали кон голот на противникот. Голманот на Барселона немоќен, на теренот две различни слики, наведнати глави на Каталонците, и лудило во таборот на Вардар.
„Црвено-црните“ го добија мечот со 26:25 и се пласираа во финалето, а ден подоцна го совладаа и францускиот гигант за европска титула.