Лионел Меси е на излезна врата од Барселона каде ја помина целата своја кариера досега.
Никој не сонуваше дека Меси може еден ден да ја напушти Барселона, но се чини дека ќе бидеме сведоци токму на тоа летово. Аргентинецот вчера побара од клубот да го раскине неговиот договор и им рече дека сака да оди.
Меси е најмногу поврзан со Манчестер Сити и доколку навистина го напушти „Камп Ноу“ се чини дека „Етихад“ ќе биде негова следна дестинација.
Видео од пред осум години се појави денес на социјалните медиуми, кога Меси изјави дека никогаш нема да ја напушти Барселона, но некогаш ако го стори тоа, беше јасно дури и тогаш дека знаеше зошто ќе го стори тоа.
“Луѓето знаат многу добро дека никогаш нема да ја напуштам Барселона. Ако некогаш си заминам, тоа ќе биде затоа што тие ме оддалечија, не затоа што така решив. Значи, останете мирни. Отсекогаш сум велел дека Барселона е мојот дом”. рече Меси во тоа време.
Познато е дека Меси е незадоволен од работата на челниците на клубот и сака тие да си заминат. Но, Жозеп Марија Бартомеу го негира тоа и се чини дека најверојатно ќе биде запаметен како претседател кој го избрка Меси од Барселона.