Минатиот викенд Лос Анџелес Галакси, која се бори за место во плеј-офот на МЛС и гостуваше кај Минесота Јунајтед, каде што запиша победа со резултат од 1:3.
Пред почетокот на натпреварот, домаќините се одлучија за мала провокација на сметка на најголемата ѕвезда на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ.
На големиот екран во Минесота пред почетокот на натпреварот ги презентираа играчите на гостите, на екранот се појавуваја нивните слики и имиња.
Сепак, кога дојде ред на за сликата на Златан, баш тогаш се појави “грешка” а на екранот се појави “error” порака – Image not found.
🔥😬🔥 pic.twitter.com/VlWo7Ie1hN
— Eric Durkee (@durkeee) October 21, 2018
Наскоро Златан се освети и постигна гол со глава во 30. минута за водство на Галакси во 0: 1.
"I'll make them enjoy." — @Ibra_official pic.twitter.com/q2eyp0WElZ
— LA Galaxy (@LAGalaxy) October 21, 2018
Гостите преку Хамар и Алесандрон дојдоа до високо водство од 0:3, додека крајниот резултат беше 1:3, а го постави Родригез во 53 минути.