Фудбалерите на Македонија денеска гостуваа кај Ерменија и беа поразени со 4:0.
Вечерва натпреварот Ерменија – Македонија, го отвори 4. коло во Групата 4 од Лига Д. Натпреварот започна во 18:00 часот.
Нашите репрезентативци одлично го започнаа натпреварот, но во 12. минута, Пизели по грешка на голманот Димитриевски кој ја испушти топката од рацете, го постигна првиот гол за домаќините (1:0).
Македонија со сите сили напаѓаше на противничкиот гол. Во 27. минута, нашиот репрезентативец Барди беше соборен во шестнаесетникот, но не беше досуден пенал.
Резултатот на семафорот остана не променет до 67. минута кога Мовсисјан постигна гол за 2:0.
Во 81. минута голманот Димитриевски направи втора грешка а тоа го чинеше гол (3:0), Геворг Газариан шутираше од слободен а Димитриевски повторно ја испушти топката.
На самиот крај во 94. минута Елмас направи фаул на работ на шестнаесетникот и доби втор жолт картон, а Михтаријан
шутираше под живиот ѕид и постигна гол за убедливи 4:0.
