Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, кој неодамна беше избран за нов селектор на Шпанија, во првиот официјален натпревар влезе со победа на гости против Англија (2:1), во рамките на Лигата на нации.
Црвената фурија помина низ еден многу турбулентен период во претходните неколку месеци, а сето тоа започна еден ден пред Светското првенство кога Јулен Лопетеги беше отпуштен од работа. Фернандо Јеро беше привремено решение, а за новиот тренер, подоцна беше избран Енрике.
Енрике имаше многу интересна прва средба со капетанот на тимот, а тоа е Серхио Рамос. Тие не беа во најдобри односи поради честите провокации на натпреварите Барса и Реал, но очигледно сега се е зад нив. Енрике успеа да го изненади Рамос во голема мера кога се приклучи на репрезентацијата.
Luis Enrique with a 'special' greeting for Sergio Ramos at the Spain camp. 💪🏼 pic.twitter.com/TpPfxbLR0O
— Talking LaLiga (@TalkingLaLiga) September 3, 2018