ФУДБАЛ

ВИДЕО: ПСЖ на полувреме заминува со предност од 4:0

ПСЖ одлично го започна натпреварот против Црвена Звезда.

Црвена Звезда успеа да се брани до 20. минута кога Нејмар постигна прекрасен гол од слободен удар.

Само две минути подоцна во 22. минута, повторно Нејмар по асистенција на Мбапе постигна гол за водство од 2:0.

Во 37. минута Кавани успеа да ја измами одбраната на Звезда и да постигне гол за 3:0.

Четвртиот гол и последен во првото полувреме го постигна Ди Мариа во 42. минута, по асистенција на Томас Муние.