Во премиер лигата, во 9. коло денеска силите ги одмерија Тотенхем со Ливерпул. Присутните на стадионот „Вајт Харт Лејн“ имаа одлична можност да гледаат одличен фудбал и многу голови.
Хари Кејн момчето кое не знае за доста го отвори овој натпревар. Му беа потребни само 4 минути за да ја затресе мрежата на Ливерпул.
Неколку минути подоцна Тотенхем дојде до убедливо водство од 2-0, благодарение на голот на Хеунг Мин Сон. Овој гол го помогна Хари Кејн, момчето кое го отвори овој натпревар.
Мохамед Салаx во 24. минута го намали водството на 2-1. Џордан Хендерсон асистираше во овој гол.
И кога сите очекуваа крај на првото полувреме, Деле Али го зголеми водството за Тотенхем на 3-1. Голот беше постигнат во 45+3. минута.
Во 56. минута момчето кое не знае за доста Хари Кејн постигна уште еден гол, по што резултатот е 4-1.
Натпреварот заврши со резултат 4-1.