ВИДЕО: Ракометарка го продава дресот од Вардар, а парите ќе ги донира во борба против Ковид-19
E R2 април 2020
Александра Лакрабер, од 2016-та до 2018-та го носеше дресот на ЖРК Вардар. Имаше успешни мечеви, а има и дрес кој го чува. Сепак, сега го продава, но причината е хуманитарна. Таа реши да го стави дресот на ЖРК Вардар на аукција, а собраните пари ќе ги донира во борбата против Ковид-19.
Лакрабер во видеото објавено на Инстаграм рече дека акцијата ќе биде на 4-ти април, а дресот ќе го добие оној кој ќе понуди најмногу пари. Засега цената е 420 евра.