Вулверхемптон беше поразен денеска на својот Молинекс од Брентфорд со 2:0.
Лош почеток на сезоната за Волците кои претрпеа нов пораз, интересно трет по ред на домашен терен.
Ова не беше Ден на Вулверхемптон, и една од главните sвезди, Раул Хименез, беше практично невидлива.
Во еден момент тој беше засрамен. Тој се обиде да центрира од левата страна, но еве како заврши …
https://twitter.com/i/status/1439193158924050439
Инаку, напаѓачот на Вулверхемптон беше надвор од терените од ноември минатата година кога заработи тешка повреда на главата на натпреварот против Арсенал.
Се врати пред околу два месеци и веднаш во првиот натпревар, подготвителен против Стоук Сити, постигна гол по што заплака.