Реал Мадрид славеше против Гранада со 2:1 со головите на Менди и Бензема во 10-та и 16-та минута, а единствениот гол за домаќините го постигна Мачис.
До крајот на сезоната остануваат уште две кола, а доколку во следното коло, поточно во четврток против Виљареал, Реал Мадрид победи, тогаш ќе ја освои титулата, бидејќи во моментов има четири бодови предност во однос на Барселона.