Вечерва се игра првото „Ел Класико“ оваа сезона. Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Барселона, но со автобуси без клупски ознаки. Двата автобуса се целосно бели, а на едниот е само испишано „Стравот е непријател“ и „ Нека силата биде со вас“.
Преземени се и големи мерки на безбедност, пред се поради најавите за протести во пресрет на „Ел Класико“, но и политичката тензија помеѓу Мадрид и Барселона откако каталонски политичари беа осудени за организирање на независност на Каталонија.