Анте Ребиќ му донесе уште една победа на Милан. Откако во претходното коло со двата гола во вториот дел обезбеди три бода против Удинезе, вечерва постигна еден, но значаен и клучен за трите бода.
Милан славеше на гостувањето кај Бреша со минимални 1:0, а единствениот гол беше дело на хрватскиот репрезентативец.
Со оваа победа Милан собра 31 бод и направи скок од неколку места на табелата. Сега е на шестото место и ќе остане таму барем до комплетирањето на 21.коло од Серие А.
Standings provided by Sofascore LiveScore