Реал Мадрид ја доведе бразилската sвезда Реинер, кој останува единствениот трансфер на Мадрид за време на јануарскиот преоден рок. Напаѓачот изјави дека неговиот сон се остварил и дека сака да биде дел од прекрасната историја на шпанскиот клуб.
Реинер беше денес претставен како играч на Реал Мадрид, иако неговиот трансфер беше завршен порано, презентацијата се случи денес бидејќи беше зафатен во Бразил и не беше во можност да му се придружи на Лос Бланкос.
„Јас го живеам мојот детски сон, сакам да бидам дел од прекрасната историја на овој клуб“, рече Рениер додека солзите му излегуваа низ очите.
Моментот кога можат да се видат солзите е на 17-та минута во видеото подолу.