Новата сезона на Лигата на шампионите веќе ветува многу возбудувања на почетокот.
Вечерашната програма беше отворена со натпреварите Бешикташ – Дортмунд и Шериф – Шактар.
Во Молдавија, веќе видовме најава за изненадувања на почетокот на натпреварот.
Домашниот Шериф поведе против фаворизираните Рудари од Доњецк со 1:0.
Убава акција на тимот од Тирапсол во 16. минута, Кристијано асистираше, а Траоре мајсторски погоди за 1:0.
Инаку, дуелот помеѓу Шериф и Шактар е во рамките на групата Д, каде Интер и Реал Мадрид ќе го одиграат дербито вечерва во 21 часот.
Ова е историски момент за молдавскиот фудбал, со оглед на тоа што првиот гол на молдавска екипа е во групната фаза од Лигата на шампионите.