Екипата на Силекс попладнево во Скопје го одигра првиот натпревар од Конференциската лига на УЕФА. Реми на теренот кај ФФМ на плус 40 степени и по шест минути продолжение на натпреварот.
Силекс во 4. минута од натпреварот донесе рано водство. По една добра тимска акција и неколку добри додавања, топката зад грбот на голманот Микаел Меира ја смести Кристијан Додевски, кој покажа одлично чувство за гол и по земја го совлада противничкиот чувар на мрежата.
- Првиот гол од натпреварот
Петрокуб пред паузата успеа преку среќен гол да изедначи за 1-1 против Силекс.
- Втор гол од натпреварот
Во продолжението и мал притисок пред крајот на натпреварот, а тоа пак дополнително му даде сила на Силекс.
- Моментот на крајот од натпреварот
Ова беше првиот натпревар од Конференциската лига на УЕФА , а се играше на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.
Реваншот меѓу Силекс и Петрокуб во Молдавија е закажан за 15 јули.