ФУДБАЛ

ВИДЕО: Романците против целиот свет, сега тврдат дека судиите биле навредувани

Романските судии се испратени дома, мечот ПСЖ-Башакшехир ќе се доигра вечерва во терминот 18:55. Но, скандалот околу прекинот и моментот на четвртиот судија кога го нарекува „негро“ астентот на турскиот тим Пјер Вебо не стивнува.

Романски новинар на твитер објави видео кое му дава нов момент во целиот случај. Имено, во еден момент од видеото (не се знае колку е веродостојно) се слуша како некој вели „Во мојата земја Романците се „џипси“ или „цигани“). Новинарот вели дека во прв момент мисли дека тоа го кажал Топал, но не е сигурен.

Сепак, ова не ја намалува вината на четвртиот судија кој го употреби зборот „негро“. Секако УЕФА најави целосна истрага, па наскоро се очекува да биде се појасно.